Сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура, од сите оператори во Македонија во иднина ќе се собираат во една централна точка. За таа цел, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска го промовираше првиот и единствен Софтвер за електронски регистар. Софтверот истовремено овозможува, комуникација со останатите државни институции, со што се овозможува поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување на податоци за слободни капацитети, со што ќе се промовира поголема искористеност на постоечките капацитети. За поголема достапност и честа примена, софтверот за електронски регистар наскоро ќе биде поставен на веб страната на АЕК, www.aek.mk Со помош на овој софтвер ќе се олеснат и осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежни работи. Дополнително, софтверот ќе ја олесни комуникацијата помеѓу сите засегнати институции, а со тоа ќе се забрза и олесни постапката за реализирање градежни работи на територијата на целата држава.
Сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура, од сите оператори во Македонија во иднина ќе се собираат во една централна точка.
За таа цел, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска го промовираше првиот и единствен Софтвер за електронски регистар.
Софтверот истовремено овозможува, комуникација со останатите државни институции, со што се овозможува поголема заштита од оштетувања при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување на податоци за слободни капацитети, со што ќе се промовира поголема искористеност на постоечките капацитети.
За поголема достапност и честа примена, софтверот за електронски регистар наскоро ќе биде поставен на веб страната на АЕК, www.aek.mk
„Со помош на овој софтвер ќе се олеснат и осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежни работи. Дополнително, софтверот ќе ја олесни комуникацијата помеѓу сите засегнати институции, а со тоа ќе се забрза и олесни постапката за реализирање градежни работи на територијата на целата држава“, .изјави на Директорот на АЕК, Роберт Орданоски.